Новости

Вчера jа заокруживме дводневната работилница на тема „Основни фундаментални пр…

💜 Вчера jа заокруживме дводневната работилница на тема „Основни фундаментални права на жените“, заедно со жените Ромки од Виница, кои си заминаа со конкретни знаења и информации што можат да ги применат во секојдневниот живот.

Она што го понесоа со себе не се само информации за правата од областа на социјалната заштита, работните односи, наследувањето и други важни области, туку и поголема сигурност да ги препознаат ситуациите во кои нивните права се загрозени, да знаат каде и како да побараат помош и поддршка и како да се залагаат за нивно остварување.

Учесничките ја препознаа важноста на стекнатите знаења и изразија подготвеност да ги применуваат во секојдневниот живот, но и да ги споделуваат со други жени од својата заедница.

Веруваме дека секое ново знаење може да направи разлика, да донесе поголема сигурност, самостојност и храброст. А кога жените си ги споделуваат знаењата и искуствата, сите стануваат посилни. 💜
The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje


Source

Прочитај сторија

Исто така проверет
Close
Back to top button
Translate »