Делчево активираше мултисекторско тело за борба против родово базираното насилство
Делчево активираше мултисекторско тело за борба против родово базираното насилство
Делчево го активираше и функционално го зајакна Локалното мултисекторско координативно тело за борба против родово базираното насилство, кое ќе ги обединува институциите и граѓанскиот сектор во превенцијата, навременото препознавање и заштитата од насилство.
На работниот состанок за координаторка на телото е избрана Јадранка Стојанова, претставничка на МВР – ОВР Делчево. Усвоени се и Програмата за работа за 2027 година, Правилникот за деловна тајна и портфолиото на телото.
Градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека целта е институциите да дејствуваат координирано и да не реагираат само откако ќе се случи насилството, туку заеднички да работат на негово спречување.
Тој ѝ се заблагодари на Организацијата ЖЕНА за иницијативата и поддршката во формирањето на телото, нагласувајќи дека секоја жена и девојка треба да има поддршка и заштита.
