Вчера младите покажаа искрен интерес и активна вклученост на интерактивната работилница на тема „Препознавање на семејното насилство од младите“која ја одржа психолог и психотерапевт под супервизија Дејан Глинџарски. Преку разговор, размена на мислења и практични примери, тие имаа можност подобро да се информираат за тоа како да го препознаат семејното насилство, како да реагираат и каде да побараат поддршка. Особено нè охрабрува нивната подготвеност да зборуваат за оваа важна тема и да бидат дел од промените што водат кон побезбедна и посензибилизирана заедница. Веруваме дека токму преку вакви активности се подига свеста, се јакнат младите и се создава простор за навремено препознавање и спречување на насилството. HERA Delegation of the European Union to North Macedonia Коалиција Маргини / Coalition Margins
📍 Средба за вмрежување – заедничко планирање и отворање простор за гласот на жените од заедницата Во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“ одржавме мрежен состанок со активни жени и претставнички од заедницата, на кој разговаравме за досегашните активности, ги ревидиравме приоритетите и разменивме мислења за најважните прашања што ги засегаат жените на локално ниво. На средбата беше заклучено дека, покрај досегашните сознанија и предлози, е потребно пошироко консултирање на заедницата, со цел приоритетите и мерките што ќе се застапуваат да произлезат од реалните потреби на што поголем број жени и граѓани. Во таа насока, договорено е приоритетите да бидат доставени и до месните заедници, со цел да се обезбедат дополнителни мислења, предлози и поддршка од пошироката локална заедница. Преку ваквите средби продолжуваме да градиме мрежа на жени, солидарност, заедничко делување и локално застапување, засновано на дијалог, учество и заедничко креирање. Akcija Zdruzenska The Kvinna till Kvinna Foundation Delegation of the European Union to North Macedonia Embassy of Sweden in Skopje Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово
Овој викенд се одржа Годишната средба на Женските кружоци, простор за поврзување, инспирација и заедничко креирање идеи за поинклузивни и поправедни локални заедници. На средбата активно учествуваа и жените од село Тработивиште, заедно со тимот на ЖЕНА Делчево, придонесувајќи со своите искуства, идеи и визија за создавање позитивни промени во локалната заедница. Преку отворени разговори, размена на искуства и заеднички размислувања за стереотипите, дискриминацијата и локалното застапување, учесничките ги сумираа постигнатите резултати и ја поставија визијата за идните активности на Женските кружоци. 💪 Заедно продолжуваме да ги јакнеме женските гласови и да градиме заедници во кои секоја жена има можност активно да учествува во промените. Akcija Zdruzenska The Kvinna till Kvinna Foundation Delegation of the European Union to North Macedonia Embassy of Sweden in Skopje Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово
На 22 Јуни во Мултифункционалниот Центар Делчево се реализираше Тематски Форум со Ромската заедница на која учество зеде и самиот Градоначалник. Преку инерактивен пристап беа избрани приоритетите кои се најважни за самата заедница. Како најважен приоритет е избран ,,Обезбедување пристапен пат во месноста наречена Пустевски Ендек“. За истото веќе е поднесено иницијатива до Локалната Самоуправа Делчево. Оваа активност се реализираше во соработка помеѓу ЖГИ АНТИКО и Организација ЖЕНА Делчево во рамките на проектот ,,Гласот и учеството на жените и младите во креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество", проект имплементиран од ЖГИ АНТИКО и организациите партнери Секогаш Соживот и Адрион, со подршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Психолошката поддршка не е знак дека не можеме сами. Таа е знак дека сме подготвени да се грижиме за себе, да растеме и да се справуваме со животните предизвици на здрав начин. 🎙 Погледнете го подкастот https://www.youtube.com/watch?v=5eLEabKjd4U и придружете ни се во рушењето на стигмата околу менталното здравје. Да зборуваме отворено. Да побараме помош кога ни е потребна. Да ја скршиме тишината. The Kvinna till Kvinna Foundation
ВАЖНО!!! Објавени се огласите за активните мерки на АВРМ Претприемништво - Самовработување со грант 1. Поддршка за самовработување (претприемништво)-невработени млади лица до 29 години 2. Поддршка за самовработување (претприемништво)-невработени лица над 29 години 3. Поддршка за самовработување (претприемништво)-здружување на корисници во ДОО Информации на линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx?fbclid=IwY2xjawSl6LFleHRuA2FlbQIxMABicmlkETE5aHoxazhQdVpVWFdIRU1lc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHs0wDxdw0vuMwd1JUS77uGS8YlWnE59kbCT-RhDrFPFZSD6X1PKufRzWqxs3_aem_1cUNYfeI0klLTMULbmtrmQ