Новости
Официјално го отворивме Младинскиот центар Делчево – инклузивен простор за млади
Официјално го отворивме Младинскиот центар Делчево – инклузивен простор за млади на возраст од 15 до 29 години. Центарот ќе им овозможи на младите да учат, да се поврзуваат, да ги развиваат своите вештини и активно да учествуваат во креирањето на локалните политики.
Работата на Центарот ќе ја координира Организација ЖЕНА – Делчево , согласно Законот за младинско учество и младински политики и Програмата за работа за 2026 година, преку обуки, работилници, психо-социјална поддршка и креативни активности.
Целта е младите во Делчево да бидат активни учесници и креатори на позитивни промени во заедницата и да се унапреди квалитетот на живот на локално ниво.




