Новости

МЛАДИТЕ ПРОТИВ БУЛИНГОТ

Во рамки на нашите активности за кампањата„ 16 дена активизам за борба против насилство..“, гимназијалците од СОУ „Методи Митевски-Брицо“ Делчево реализираа едукативна иницијатива на класните часови, посветена на темата врсничко насилство.

Преку разговори со своите соученици, младите отворија важни прашања поврзани со:

👉 препознавање на различни форми на булинг

👉 последиците од врсничко насилство

👉 значењето на солидарноста и меѓусебната поддршка

Во рамки на активноста беше извршена и дистрибуција на информативни флаери, со цел подигнување на свеста кај учениците и охрабрување за навремено реагирање и пријавување на насилството.

Со вакви активности се придонесува кон создавање побезбедна и поддржувачка училишна средина, во која младите се активни носители на позитивни промени.

The Kvinna till Kvinna Foundation

Embassy of Sweden in Skopje

delcevo365.mk

Прочитај сторија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто така проверет
Close
Back to top button
1 / ?