Новости
ЗНАЕЊЕТО Е ПРВИОТ ЧЕКОР КОН ЗАШТИТА И ЕДНАКВОСТ
Во претходните два дена одржавме работилница на тема „Основи на правата на жените, семејно и социјално право и улогата на локалните институции“, на која учество земаа жени од руралните средини во Општина Делчево.
Преку практични примери и отворена дискусија зборувавме за:
основните права на жените
семејното и социјалното право
кога и како да се побара институционална поддршка
улогата на локалните институции во заштита на правата
Преку интерактивен пристап и практични примери, учесничките добија корисни информации за начинот на остварување на своите права и за институционалната поддршка која им е на располагање.
The Kvinna till Kvinna Foundation







