Новости

Денес во Македoнска Каменица се одржа првиот дел од работилницата посветена на п…

Денес во Македoнска Каменица се одржа првиот дел од работилницата посветена на правата на жените согласно нашето законодавство. Во денот кога гласно се слушнаа пораките на иницијативата „Ниту една повеќе!“, и нашата дискусија беше исполнета со прашања, размислувања и споделени искуства за тоа колку е важно секоја жена да ги знае своите права, но и да знае дека не е сама кога тие права се загрозени. Разговаравме за барањата на иницијативата, за потребата од институционална одговорност, навремена и соодветна заштита, достапна поддршка за жените кои преживуваат насилство и за важноста секој случај да биде сфатен сериозно. Но, пред сè, разговаравме за жените. За нивната сигурност, достоинство, стравови и надежи. За правото на секоја жена да живее без насилство, без да молчи и без да се чувствува виновна за она што ѝ се случило. Затоа ваквите средби се важни. Затоа што знаењето ни дава сила, разговорот нè поврзува, а солидарноста нè потсетува дека промената започнува кога ќе застанеме една покрај друга. The Kvinna till Kvinna Foundation Embassy of Sweden in Skopje



Source

Прочитај сторија

Back to top button
Translate »