“Самодовербата не се раѓа , таа се гради “
Дали некогаш сте се запрашале зошто толку лесно веруваме на критиките, а толку тешко ги прифаќаме комплиментите? Зошто успешни жени често мислат дека „не се доволно добри“? Дали самодовербата се гради уште во детството? И може ли токсична врска, постојани критики или околината да ни ја одземат вербата во себе? Во новата епизода разговараме за прашања што речиси секоја жена си ги поставила барем еднаш во животот, но ретко ги изговара на глас. Заедно со психологот и психотерапевт под супервизија Дејан Глинџарски зборуваме за тоам како се создава самодовербата, што ја руши и како повторно да ја изградиме.
Ако некогаш сте почувствувале дека не сте доволно добри, дека се споредувате со другите или дека вашиот најголем критичар сте токму вие – ова е разговор што вреди да го слушнете.
Слушнете ја целата епизода и споделете ја со жена на која ѝ е потребно потсетување дека вреди токму таква каква што е.



