МЛАДИТЕ ПРОТИВ БУЛИНГОТ
Во рамки на нашите активности за кампањата„ 16 дена активизам за борба против насилство..“, гимназијалците од СОУ „Методи Митевски-Брицо“ Делчево реализираа едукативна иницијатива на класните часови, посветена на темата врсничко насилство.
Преку разговори со своите соученици, младите отворија важни прашања поврзани со:
препознавање на различни форми на булинг
последиците од врсничко насилство
значењето на солидарноста и меѓусебната поддршка
Во рамки на активноста беше извршена и дистрибуција на информативни флаери, со цел подигнување на свеста кај учениците и охрабрување за навремено реагирање и пријавување на насилството.
Со вакви активности се придонесува кон создавање побезбедна и поддржувачка училишна средина, во која младите се активни носители на позитивни промени.
The Kvinna till Kvinna Foundation






