facebook

❤️ Некои приказни не се мерат само со години. Се мерат со луѓето, со истрајноста и со сите оние моменти во кои, и покрај сè, одлучуваме да продолжиме. Зад нас се 5 години исполнети со предизвици, промени, неизвесности, тешки одлуки и моменти кога не било лесно да се продолжи. Но, еве нè – сè уште тука. Сè уште свои. Сè уште гласни кога треба да се зборува и истрајни кога треба да се делува. А најголемата причина што опстојуваме се луѓето. Тимот. Колегите. Прекрасните луѓе со кои секојдневно ја делиме работата, идеите, нервозите, малите победи, големите предизвици и, секако, по некое кафе повеќе.😊 Организација ЖЕНА не е само име, канцеларија или проекти. ЖЕНА се луѓето кои веруваат дека нешто може да биде подобро и не се откажуваат од тоа да го направат подобро. И затоа, денес, кога одбележуваме уште една година од нашата приказна, а најмногу сме горди на едно нешто – што сè уште сме заедно и што сè уште веруваме во она за што работиме. Среќен ни роденден, ЖЕНА! 🌷 Да ни се множат годините, идеите, луѓето и причините поради кои вреди да продолжиме. За сè што поминавме. За сè што создадовме. И за сè што допрва ќе направиме – ЗАЕДНО.

148
35 Comments

„Грижата за себе не е себичност“ - совет од психологот Дејан Глинџарски. Во време кога продуктивноста и издржливоста се ценат повеќе од сопственото здравје, лесно е да заборавиме да си го поставиме прашањето: „Како сум јас?“ Заморот што не исчезнува, раздразливоста и губењето интерес за работи што порано носеле радост се сигнали дека сме ги надминале сопствените капацитети. Глинџарски потсетува: грижата за себе не е луксуз, туку неопходност - првиот чекор кон промена започнува со свесноста. Прочитајте го целиот текст и дознајте зошто е важно да поставуваме граници и да се грижиме за сопственото ментално здравје.

26
1 Comments

https://www.facebook.com/share/p/1JDNavC5Nc/?mibextid=wwXIfr

7

„Ме отпуштија затоа што останав бремена. Дали е тоа законски?“ Ова не е само прашање. Ова е ситуација со која, за жал, една жена може да се соочи во реалниот живот. Во новиот број на нашиот билтен, адвокатката Софија Спасевска од Делчево одговара на ова, но и на уште многу важни прашања поврзани со правата на жените, бесплатната правна помош и заштитата од дискриминација. „Не. Доколку причината за отказот е вашата бременост, таквиот отказ е незаконски и претставува директна дискриминација врз основа на пол и бременост.“ Но... 👉 Што ако веќе сте добиле отказ? 👉 Каде можете да пријавите? 👉 Кој може да ви помогне? 👉 Можете ли да побарате бесплатна правна помош? 👉 И дали работодавачот може да сноси последици? Одговорите можеби ги немате. Но, правото е тука токму за да ги имате. Во рубриката „Прашај експерт од областа на правото“, прочитајте го целото излагање на адвокатката Софија Спасевска и дознајте што ви припаѓа како право и како да го заштитите. The Kvinna till Kvinna Foundation Embassy of Sweden in Skopje

28
Back to top button
Translate »
1 / ?